ЉУБОВ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

Полната месечина за жените е најволшебното време. Тоа е време кога силата на месечината е во зенит, а тоа зборува дека и силата на секоја жена се зголемува несразмерно.

Во овој период можат да се почуствуваат сите намери и да се надевате на исполнување на сите желби.

Од стари времиња жените знаеле за магичната сила на полната месечина, и на полна месечина правеле магични ритуали, за да ја добијат нејзината енергија.

Ритуал за пречистување

Овој ритуал има дуалистичен карактер – ги чисти сите негативни емоции и мисли, а исто така е и подготовка за медитација заради добивање енергија од Месечината.

Земете еден сад – пожелно е да биде сребрена купа или вазна. Поставете на дното сребрена монета или некој сребрен предмет. Наполнете го садот со вода и поставете го така за неколку часа да се оцртува светлината на полната месечина. Потоа ставете го садот пред вас и ставете ги двете раце на него. Замислете и почуствувајте како енергијата на Месечината струи низ вашите дланки, како се распространува низ цело тело. Кога ќе почуствувате дека потокот секнал, кажете го следното:

„Сребрена светлино на Месечината, ти даваш сила и чистота. Исчисти ме!”

Потоа земете малку вода и намокрете ги избраните места по телото.

Во секоја култура постоеле различни системи на енергетски центри во телото на човекот: седум чакри во индиската традиција, три кај древните Келти (на челото, во областа на стомакот и на големите прсти на нозете). Пет точки се спомнуваат кај пентаграмот кај Египќаните.

На различен начин се извршувал и самиот ритуал за прочистување. Во источна Азија обично го миеле со света вода целото тело.

Во Африка и на Средниот Исток само рацете и стопалата.

Можни се секакви варијанти, можно е да си направите и Месечинска купка. Пожелно е ритуалот да се спроведува со изрекување магиска формула – тогаш неговото дејство е посилно. Кога ќе ги ставите рацете во водата, почуствувајте како во вас навлегува можен енергетски поток, а се од што сакате да се избавите истекува со водата. И тогаш кажете ги следните зборови:

„Месечино, мајко на ноќта, царице на црниот небосклоп, благослови ме и управувај ми ги мислите!”

Потоа, допирајќи ги со рака избраните точки на телото и чуствувајќи прилив на месечинската сила, обратете се кон Месечината, повикајте ја, помолете се за помош:

„Мајко Месечино, закрепни ми го духот, исполни ме со силата на создавање, исчисти ме од сите недостојни работи во мене!”

Со соодветни кратки поклонувања допирајте се. На крајот од ритуалот земете малку вода и кажете:

„Јас сум чиста и совршена, како младенец на почетокот на својот пат. Ти благодарам Богињо! Биди со мене, помогни ми да ја тргнам темнината од душата со твојата сребрена светлина!”

Во старите времиња ритуалот за прочистување обично завршувал со танц, дарувајќи ги жените со хармонија. Танцот исто така се сметал за подготовка за Месечинскиот транс – главен дел од ритуалните дејства на полната месечина. Точно на полноќ, девет посветенички го почнувале следниот ритуал:

Ритуал на трансот на Месечината

Подготовките за овој ритуал започнуваат порано. Да се подготвите за него ќе Ви помогнат сребрените украси и месечев камен, бела или сребрена облека. Светиот број на Месечината е 9 (затоа ритуалот започнува со девет посветенички), и затоа треба да имате девет сакрални предмети, меѓу кои мора да има огледало, свеќа и сребрен сад. Месечината е олицвотореније на женскиот почеток. Таа е одговорна за интуицијата, во нејзино владение се наоѓаат соновите и областа на потсвеста, мистичниот дел од животот. Добивајќи ја силата на Месечината, жената добива магнетизам и посебен шарм. Енергијата на Месечината дозволува исто така да се добие сила за остварување на плановите, за завршување со успех.

И така, во ноќта на полна месечина, точно на полноќ, можете да го започнете ритуалот. За тоа ви треба простор, во кој слободно ќе влегува светлината од Месечината. Застанете таму и кренете ги рацете кон Месечината. Буквално ќе почуствувате како Вашето тело постепено се претвора во сребрен сад, полн со скапоцена течност. Опуштете се и препуштете му се целосно на тоа чувство. Кога ќе се исполните со тоа чувство и во себе ќе ја почуствувате силата што ја посакувавте, можете да започнете со медитација.

Последниот дел од ритуалното дејствување е со огледалото. Магичните својства на огледалото биле познати уште во стари времиња. За бронзените огледала се спомнува уште во Стариот Завет, а египетските папируси раскажуваат за полирани сребрени предмети, користени од жреците како огледало.

Во средниот век алхемичарите го користеле огледалото како магиски инструмент.

Магија на огледалото на Месечината

Кога работиме со огледало, можеме да ја добиеме силата на Месечината во време на полна месечина. Таа сила ни ја дава огледалото. Во полна темнина поставете го огледалото така да на врвот од површината му паѓа светлината од полната месечина. Свртете се кон Месечината. Потоа започнете бавно да го вртите огледалото во насока на стрелките од часовникот, гледајте го и концентрирајте ја енергијата. На овој начин огледалото станува минијатурен двојник на Месечината. Во ритуалот, огледалото на Месечината се користи како магичен кристал.

Треба да се концентрирате, за со негова помош за секој проблем што Ве мачи да добиете одговор, дури да го видите и минатото. Гледајќи во огледалото, кажете ги следниве зборови:

„Волшебно огледало. Тргни ја завесата на минатото. Низ вековите поведи ме преку сјајот на ѕвездите. Тајното нека стане јавно. Низ време и пространства да проникнам, другата страна да ја видамч”

Ќе видите слики од минатото, ќе добиете одговор на прашањата и проблемите.

Полна месечина е време кога е можно се. Запомнете го тоа!

Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да сеинформирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ –2000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, ОБИДЕТЕСЕ САМИ ДА СИ ЈА ПРОТОЛКУВАТЕ НАТАЛНАТА КАРТА. ТОА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ СО ПРВАТА, ЕДИНСТВЕНАТА, ПРОФЕСИНАЛНА КНИГА ЗА АСТРОЛОГИЈА – НА МАКЕДОНСКИЈАЗИК.

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ САМИТЕ ПОДОБРО, КАКО И ОНИЕ ШТО ВЕ ОПКРУЖУВААТ. ЦЕНА – САМО 1.500 денари

ИНФОРМАЦИИ ЗА КНИГАТА НА ТЕЛ. 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20