НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ,
СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СЕ ПОВИКА:
НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ,
ОСТАВКА НА ВЛАДАТА –
РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, вчера на 11 август 2018 година се одржа годишното сообрание на Светскиот Македонски конгрес, на кој беа поканети и македонци од дијаспората, прсњставници на Македонскиот Светски Конгрес. На конгресот, председателот на Светскиот Македонскиконгрес г-дин Тодор Петров ме покани и мене, каде како новинар аналитичар, ми даде зобор да се обратам до делегатрите на конгресот. Зборував за геополитичката состојба во светот, анализирајќи ја сликата, во која во моментот се наоѓаат САД, Евопската Унија и НАТО – кои треба да бидат дел од референдумското прашање. Конкретно за референдумот не зборев, само го споменав референдумското прашање, кое се поврзува со влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, анализирајќи им на присутните делегати геополитичката ситуција, реалната слика за водечките земји на ЕУ и НАТО, во која состојба во моментот се наоѓаат овие две организации. За референдумот не зборев од причина, што моите анализи, како и распоредот на планетите укажуваат, на голема можност воопшто да не се одржи!
Во целост ви го пренесувам извештајот од одржаниот Светски Македонски Конгрес, извешатај што и како е усвоено од председателот на конгресот г-дин Тодор Петров!
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, ОСТАВКА НА ВЛАДАТА И РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО!
11 август 2018 година, Скопје, – Денес во големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје се одржува 28. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес.
На 28. Генерално Собрание на СМК присуствуваа претставници од сите делови на Македонија, европските и прекуокеанските земји Канада, САД и Австралија.
Во работното претседателство на 28. Генерално Собрание на СМК беа избрани: претседателот на СМК – Тодор Петров, генералниот секретар на СМК – Ниче Димовски, членот на Извршниот комитет на СМК-Австралија – Елизабета Богдановска, македонскиот сенатор од Србија – Гојко Илиевски, Неговото Високопреподобие архимандрит Никодим Царкњас од Грција, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола – Александар Јаневски, и претседателот на СМК-Велика Британија – Симо Поповски.
За членови на Верификационо-изборната комисија беа избрани Емилија Дубарџиева за претседател и за членови Драган Романски и Аце Димоски.
Воведно обраќање пред пратениците имаше претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров
.
- Генерално Собрание на СМК избра работни тела (работно претседателство, верификациона и изборна комисија и записничар), донесе одлука за верификација на мандатот на пратениците на 28. Генерално Собрание на СМК, како и Резолуција за името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, Резолуција за Спогодбата Димитров-Коѕиа од 17 јуни 2018 година, Резолуција против референдумот на 30 септември 2018 година, и Резолуција за одбележување на 100 годишнината од крајот на Првата Светска Војна на 29 септември 2018 година.
На предлог на Вера Лалчевска, шеф на Постојаната мисија на Светскиот Македонски Конгрес при Обединетите Нации во Женева, Швајцарија, 28. Генерално Собрание на СМК донесе Резолуција со која се прифаќа иницијатива за воспоставувањето на Меѓународна независна анкетна комисија за истражување на злосторствата врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година при Советот за човекови права на Организацијата на Обединетите Нации, заради мораториум на сите меѓународни договори за Македонија до извештај од истражувањето.
Во расправата учествуваа Илија Крајнички, Александар Ристевски, Лидија Демниева, Вера Лалчевска, Душко Митревски, архимандритот Никодим Царкњас, Стево Скендеровски, Љупчо Бојаџиевски и Ниче Димовски.
- Генерално Собрание избра Координативно тело против референдумот во чиј состав се: (1) Тодор Петров, координатор, (2) Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, Митрополит повардарски, член, (3) Ниче Димовски, генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес, член, (4) Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест, член, (5) проф.д-р Михајло Миноски, претседател на Комисијата за истражување и документирање на геноцидот врз Македонскиот народ, член, (6) Александар Дамјановски, координатор за референдумот во Македонската координативна мрежа СУМ Сите за Македонија, член, (7) Александар Илиевски, од движењето “Млади за Македонија“, член, (8) Александар Јаневски, претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, член, (9) Отец Ивица Тодоров, член, (10) Боби Темелков, претседател на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, член, (11) Џим Стефановски, копретседател на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, од Сиднеј, член, (12) Горан Котев, копретседател на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија од Мелбурн, член, (13) Саша Петков, претседател на Светскиот Македонски Конгрес – Јужно-Африканска Република, член, (14) Симо Поповски, претседател на Светскиот Македонски Конгрес – Велика Британија, член, и (15) Бил Николов претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, член.
Основната порака на 28. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес е општ и безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето на 30 септември 2018 година, неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието, и се разбира, општонародна прослава во 20 часот на 30 септември на сите плоштади во сите градови и села во Македонија и на централниот плоштад “Македонија“ во Скопје заради победа над референдумот со одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!
- Генерално Собрание упати повик до Албанците да го бојкотираат референдумот на 30 септември 2018 година, бо кој се вели: Апелираме до Албанците, да не гласаат за промена на името на државата и да го бојкотираат референдумот! Тоа Македонците нема никогаш да го заборават! Нека се сетат дека Македонија им даде 150.000 македонски државјанства на косовари 1994 година, дека Македонија прими 400.000 бегалци од Косово после НАТО-бомбардирањето на Србија во 1999 година. Нека не заборават дека војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците ниту меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна на САД за имплементација на нивни глобални интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Македонија стана предворје на Калето а Косово на Бонд Стил. Со 100 тони осиромашен ураниум и стотици тони графитни бомби ни го контаминираа просторот, заедно тивко умираме од рак, тироидна жлезда и леукемија. Албанците, историски биле и со Русите, и со Кинезите и со Американците. Ќе заминат сите, ама Албанците повторно мора да живеат со нас Македонците. И нека не се радуваат на Спогодбата со Грција за промена на името на државата и името на Македонскиот народ, Атина истото им го прави и на Чамите!
- Генерално Собрание на СМК побара САД итно и безусловно да го повлечат амбасадорот Џес Бејли поради грубо мешање во внатрешните работи на Македонија! 28. Генерално Собрание на СМК повара САД да остане доследна на признавањето на државното име Македонија од 3 ноември 2004 година.
- Генерално Собрание на СМК побара Бриселската бирократија на ЕУ и НАТО да престане со притисокот врз власта и јавноста за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
- Генерално Собрание на СМК ги повика постојаните земји членки на Советот за безбедност – САД, Обединетото Кралство, Република Франција, Руската Федерација и Народна Република Кина да го заштитат суверенитетот и интегритетот на Македонија – името на државата и идентитетот на нацијата!
- Генерално Собрание на СМК изрази загриженост поради крвавите драми меѓу децата, наводно поради навивачките страсти на стадионите и етничка омраза и одмазда, кои се одвиваат по улиците, на автобуските постојки и во автобусите. Општеството не смее да остане индиферентно на овие крвопролевања, како дел од тивкото етничко чистење врз Македонците. Системските проблеми во државата не смее да ни ги решаваат децата на улица како жртви на агресија и насилство со што се загрозуваат здравјето и нивните животи! Апелираме до родителите, локалните власти, училиштата, политичките партии и здруженијата на граѓани превентивно да делуваат и придонесат за надминување на меѓуетничките крвопролевања, за враќање на мирот, довербата и слободата на движењето.
- Генерално Собрание на СМК повика на семакедонско помирување и обединување, затоа што во единството е силата за опстанок на нацијата. Никогаш да не заборавиме: И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ снема, ќе исчезнеме!
– Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Спогодбата Димитров-Коѕиа од 17 јуни 2018 година и Одлуката за распишување на референдум за 30 септември 2018 година донесена на Собранието на Република Македонија на 30 јули 20018 година заради промена на името и идентитетот ги сметаме за ништовни и за велепредавство на државата и нацијата! На 31 јули Светскиот Македонски Конгрес поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Одлуката за распишување на референдумот врз начелата на итност и приоритет, со барање за времена мерка до одлучувањето поради штетните последици по буџетот и даночните обврзници, правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата. Премиерот, министрите и пратениците извршија погрешна примена на материјалното право, односно распишаа референдум за консултирање што по Законот за референдум е незадолжителен, врз основа на членот 73 став 1 пд Уставот, наместо според членот 120 од Уставот на Република Македонија. Имено, според членот 73 став 1 Собранието може да распише референдум за прашања од неговата надлежност со мнозинство гласови (61) од вкупниот број пратеници (120), но одлуката стапува на сила ако на референдум гласаат мозинство од излезените (450.000) доколку гласаат мнозинство (900.000) од запишаните (1.800.000). Но, за прашањата за промена на границите и членство во сојузи на држави, какви што се ЕУ и НАТО, одлуката ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), но одлуката стапува во сила ако за неа на референдум гласаат “за“ мнозинство (900.000) од вкупниот број запишани избирачи (1.800.000), што е невозможна мисија во овие услови. Не може 450.000 избирачи да променат име на држава и идентитет на нација од 2.500.000 државјани! Сепак, превентивно, доколку Уставниот суд не одлучи пред 30 септември или решава после 30 септември 2018 година што е повторно кривично дело, ние повикуваме на општ и безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето! СМК ќе пријави набљудувачи во согласност со Изборниот законик со овластувања од Државната изборна комисија заради контрола на регуларноста на референдумот и резултатите од гласањето, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
FOTKI OD AMBIENTOT I DELEGATITE NA GODI{NOTO SOBRANIE NA SVETSKIOT MAKEDONSKI KONGRES!