КОИ ПАРА-МОЌИ НИ СЕ ОПРЕДЕЛЕНИ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Зодијакот и езотеричното

Знакот во кој сме родени ги покажува нашите астролошки карактеристики и говори за нашите парапсихолошки склоности.

Од постанокот на светот, човекот настојува да го спознае светот околу себе. Еден од методите на знаење е воздигнувачки или индуктивен, а другиот е слегувачки или дедуктивен. Првиот е наменет на експерименталните искуства, на логиката и на аналитичкото проучување, додека другиот ги прифаќа знаењата кои се веќе дадени од повисока инстанца заедно со создавањето на светот.

Вториот метод ги опфаќа разните свети списи и окултна филозофија кои ги познавале древните цивилизации на Индија, Египет и Атлантида. Тие одржувале конаткти со полубоговите и од нив добивале информации и знаења чии траги ги гледаме и денес ширум планетата Земја.

Секој човек има склоности и желба да отиде и во друга димензија, каде што престанува логиката и каде што здравиот разум веќе не функционира. Граничните подрачја, мистериите и сличните работи длабоко се вткаени во нашиот ум.

Многумина се свесни за тие тајни знаења, додека други ги преживуваат на несвесно ниво.

Меѓутоа, потребата за мистерии, бајки и митови е длабоко архетипска потреба на сите луѓе, бидејќи со нив секој се раѓа. Очигледен пример се малите деца кои без проблеми ги прифаќаат оние нешта кои возрасните не можат. Причината за тоа е што подеднакво ги користат десната и левата хемисфера на мозокот подеднакво. Левата е задолжена за логиката и физичката стварност, а десната за фантазијата, за недофатливото, за необјаснивото.

Како што детето расте, почнува да ја користи само левата хемисфера (логика) и со тоа десната (имагинативна) с# послабо функционира. Возрасните во голем процент ја користат само левата хемисфера и затоа не се способни да ги сфатат и разберат работите кои се необјасниви. За да го прифатиме таквиот вид на знаење, мораме да ја активираме десната хемисфера на мозокот, во која се сместени центри за она што логиката не може да го разбере.

Во хармонијата со природата и со астролошката карактеристика можеме да видиме кој на каков облик на парапсихологија е наклонет. Знакот во кој сме родени веќе ги покажува нашите определени тенденции и зборуваат за тоа што нас може да н# привлече, па еве некои важни одлики на секој хороскопски знак кои се поврзани со парапсихолошките феномени.

Овенот води исклучително бурен живот. Преокупиран е со авантури, со акција, со страста – и самиот со себеси. Никогаш нема време за ништо, а сепак прави многу повеќе од останатите. Има неверојатна количина на енергија, и затоа не може повеќе време да минува на едно место.

Поради ваквите особини тој често се отуѓува од себеси, па не е во состојба да го чуе внатрешниот глас. Има проблем да ги разграничи емоциите од желбите, и затоа му се препорачува да оствари подлабок контакт со себеси со помош на техниките за релаксација. Тие, во најголема мерка, се огледуваат во тоа што го опуштаат токму оној дел од телото со кој владее Овенот и планетата Марс.

Главата на таа листа е прва, додека психолошките карактеристики како што се напнатоста, нестрпливоста и импулсивноста, исклучително ја попречуваат врската со себе.

Овенот се интересира за толкување на карактерот врз основа на цртите на лицето, а од претскажувачките техники ги сака оние кои даваат брзи одговори: ји џинг, руни, карти, па дури и толкување на соништата.

Бикот своите парапсихолошки способности ги развива бавно, но темелно. Поради влијанието на земјениот елемент, парапсихолошките искуства најчесто ги доживуваат со телото, а потоа Венера владее со овој знак, често ги изразува преку некој облик на уметност. Тоа може да биде сликање, каде што своите визии ќе ги пренесе преку платното или музиката, која е инспирирана со внатрешна мелодија која само тој може да ја чуе.

Се случува со помош на знаци или симболи кои ги добива од природата, Бикот може да предвиди какво ќе биде времето. Главно тоа се однесува на контактот со земјениот елемент, поради што може да има врска со гномите.

Сите техники на предвидувања во кои се користат парички, коцки и кованици, му се својствени на Бикот, во нумерологијата е неговата најголема склоност.

Близнаците се знак на исклучително добар интелект и инстинкт. На ментален план бргу можат да ги предвидат нештата; сите модни трендови кои допрва ќе дојдат, тие веќе одамна ги изгустирале. Како да имаат антени или внатрешни радари или постојано да ја изучуваат својата околина.

Најмногу се интересираат за графологија (читање на карактерот врз основа на ракописот), хиромантија и истражување на личноста.

Бидејќи Близнаците владеат со рацете, имаат неверојатно вешти раце и големи телепатски способности. Често се занимаваат со гледање во карти. Меркур, кој владее со Близнацит,е им дава способност се што гледаат да можат и одлично да го пренесат. Често своите искуства ги запишуваат, а понекогаш објавуваат и книги за парапсихологијата.

Треба само да обрнат внимание на тоа поради големата љубопитност да не се распрснат на сите страни.

Ракот почнува да ја чувствува околината и за неа да размислува од самото раѓање. Има истенчен осет за оние со кои влегува во контакт, па веднаш знае колку кон него е некој искрен или способен за вистинско пријателство и љубов.

Поради влијанието на Месечината, Ракот е исклучително моќен медиум. Оваа планета ја поврзуваме со несвесното, интуицијата и со магија, волшебништвото и слични работи. Претчувствата го вознемируваат, бидејќи премногу е чувствителен. Иднината ја согледува во вид на слики, а често се случува да може да го предвиди токму она што нивниот соговорник сака да го каже.

Доста е поврзан со соништата кои исто така му даваат извесни знаци, а ја предвидува судбината со гледање од филџан кафе и кристалите од водата.

Лавот е весел, топол, великодушен и полн со живот. Оптимист е, донесува сигурност и чувство на голема моќ. Често има исклучително добри наслутувања кои ненадејно се појавуваат, но исто така и исчезнуваат. Бидејќи сонцето владее со овој знак, има неверојатна количина на енергија и е добар терапевт.

Тој понекогаш буквално лечи со својата појава, бидејќи внесува радост, топлина и верба. Исклучително е способен да ги охрабри другите кога се во криза, а тоа е она што е најпотребно. Кога блиските ќе откријат колкава желба има, и самите почнуваат да чувствуваат топлина околу срцето.

Привлечен е со оној вид на прорекувања кои изгледаат достоинствено и аристократски, и кои можат да му донесат популарност и слава. Затоа често го среќаваме меѓу астролозите, особено меѓу медиумски експонираните.

Девицата може да биде неверојатно прецизна кога се во прашање нејзините лични прогнози. Особено, ако се работи за дијагноза низ алтернативната медицина. Поради тоа, Девици среќаваме меѓу лекарите. Способноста да ги уочат деталите и одличното помнење & помагаат во која и да е работа, а особено околу нештата поврзани со окултното. Таа нема да донесе никаков заклучок ако добро не го провери с# она што доаѓа од другата димензија.

Ја има и меѓу ботаничарите, па често се занимава и со треварство и со справување на чаеви. Ја привлегува графологијата и анализата на спонтаните цртежи од мастило.

Често ги истражува парапсихолошките феномени од научен аспект и се труди сето тоа да го прибележи што порационално, бидејќи нејзиниот пристап е рационалното разбирање.

Терезијата има наклонетост кон телепатија и нејзините парапсихолошки моќи главно се поврзани со другите луѓе. Ја привлекуваат терапиите во кои се користат миризливите етерични масла со лековито дејство, а исто така и музикотерапијата, која има моќ со слушање на определени музички тонови да дејствува исцелително.

Исто така, исклучително ја интересира терапијата со помош на цвеќиња и бои, а со тоа Тибет и Кина и нивниот систем на пророкување, како што се ји џинг и гледањето со камења. Кај неа е интересно што може да влијае на поголема група. Често изградува окултни предмети, а специјалноста & е фенг шуи. Тука најдобро се изразува бидејќи оваа дисциплина ги спојува хармонијата, декорацијата, боите и езотеријата.

Скорпијата е сигурно знакот кој најмногу се интересира за окултните науки. Исклучително е интуитивна, длабоко влегува во сржта на работите и од ништо не се плаши. Всушност, колку ситуацијата е поопасна и подраматична, толку кај неа инспирацијата е поголема. Често можете да сретнете Скорпија која се занимава со регресотерапија, со спиритизам (повикување на духови) и со се она што е блиску поврзано со смртта.

Наклонета е да ги изучува знаењата кои им се недостапни на обичните смртници, а исто така се интересира за исчезнатите цивилизации. Плутоновата моќна енергија и дава способност да лекува со магнети и биоенергија.

Бидејќи ова е знак на исклучително голема сексуалност, Скорпијата често ја привлекува тантрата, совршениот спој на секс и магија. Не се интересни официјалните религии, туку оние скриените. Во овој знак се родени најголем број вештерки и оние кои се привлечени со паганската религија.

Стрелецот е исклучително религиозно и филозофски настроен. Тој е голем истражувач и борец за религиозна свест, односно за свеста за Бог.

Јупитер, неговиот владетел и голем заштитник, му дава голема можност на спонтано пророкување, дури и без негова желба. Обично го интересираат сите култури и религии на светот, па затоа многу патува за да ги истрежи. Го привлекува митологијата и ги познава речиси сите грчки, римски, келтски и египетски богови. Исто така, се интересира за старите религии, иако обично и се покорува на една официјална. Радиестезијата и гледањето во оган се негови специјалности. Тој е огнен знак и претставува жар, така што не е чудно што учителите на огнот и мајсторите на одење по жар најчесто се Стрелци.

Јарецот повеќе сака да живее во светот на реалноста, да знае каде се наоѓа. Го интересираат конкретни факти и не е особено привлечен со фантазијата. Тешко го прифаќа сето она што логично не може да се докаже и здраворазумски да се прифати.

Премногу е преокупиран со материјалното, за да може да размислува за нешто што е, според него, бескорисно. Сепак, ако се занимава со нешто што може да биде окултно, тоа е гледање во камења, кристали и руни, кои исто така се прават во камен. Ако Јарецот подлабоко навлезе во езотеријата, често гледа во кристална топка.

Водолијата е под влијание на ексцентричната планета Уран, која условно кажано, е прозорец во иднината. Таа ги разбива сите воспоставени религиозни догми и правила и & дава слободен пристап на духовноста, без непотребни ограничувања.

Водолијата по природа е љубопитна и сака да ги истражува тајните на вселената, као и односите на човекот со нив.

Анализирањето на биоритамот, психолошките тестови и парапсихологијата се теми со кои Водолијата секојдневно живее. Често има молневити импресии и ненадејни прекогнициски способности. Најголемиот пророк на сите времиња Нострадамус е роден токму во овој знак. Модерните електронски справи со кои се мерат парапсихолошките феномени го конструирале Водолии. Сепак, нивната најголема љубов е астрологијата, без оглед дали се родени во овој знак или тука им се наоѓа Месеч ината, збир од планети или подзнак.

Рибите по природа се пречувствителни, интуитивни и сочувствителни, па покрај Скорпијата, најмногу се поврзуваат со парапсихологијата. Тие никогаш реално и не го живеат овој живот, туку постојано се некаде далеку. Можеби во некоја бајка или во некој астрален свет?

Нивниот владетел, Нептун, може да ги поведе до невидени длабочини на свеста и со тоа да ја отвори вратата која за многумина е затворена. Сакаат да се занимаваат со историја, па често стануваат хипнотизери, психоаналитичари или регресотерапевти. Имаат исклучителна пророчка дарба, особено кога се соништата во прашање. Можат да имаат контакти со битија од други димензии, па дури и со мртви.

Ги привлекуваат астралните патувања, магијата и темите кои зборуваат за реинкарнацијата, а поради силното влијание на Нептун, таротот е едно од нивните силни окултни оружја.

Подетално каков е периодот за вас, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911 и 076 561 769

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20