Да ли Османи го разголи Вучиќ? Русија пука во погрешна мета, за забрана на прелет на авионот на Лавров!….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Читајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, веднанаш забележав „Во државата Данска нешто смрди“:
Какошто вели министерот Бујар Османи „ Доаѓањето на Лавров било кобно и за Отворен Балкан“
Во својата изјава понатаму министерот за надворешни работи вели:
„Под прашање било ставено дури и одржувањето на состанокот на Отворен Балкан во Охрид доколку се случеше посетата на рускиот министер за надворешни работи на Сергеј Лавров на Србија, информира шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Смета дека неодржувањето на посетата на Лавров, го охрабрува, како што рече, одржувањето на состанокот во Охрид.
Интересно е што во оваа изјава министерот за надворешни работи Бујар Османи го разголува претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. Првата работа што требало да ја одработи за „Отворен Балкан“ за своите спонзори од Запад била:
„Тој нагласи дека ние имаме добри билатерални односи со Република Србија, а во рамки на регионалните иницијативи, ни беше важно, подвлече, одлуката на Србија да гласа во ООН за резолуција што ја осудува руската агресија во Украина, а тоа беше важен момент за да ја поттикне понатамошмната соработка во рамки на Западниот Балкан.
Кога добро ќе се анализира изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи индеректно го разголува можниот режисер за не доѓањето на министерот за надворешни работи на Руската Федрација Сергеј Лавров во Република Србија – Александар Вучиќ.
Факт е дека „Отворен Балкан“ не е дел од руските интересни сфери, а преставува обид за блокада за руско влијание на Блаканот.
Самата блокада од Црна Гора, Македонија и Бугарија за прелет на авионот на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров е трагикомична, да не е тажна ќе беше смешна. Се гледа дека водата требаше да се пренасочи на друга воденица.
Прво се прашувам:
Која е причината да авионот на министерот за надворешни ртаботи на Русија Сергеј да лета над Црна Гора за да стаса во Белград?
Која е логиката авионот на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да лета над Македонија за да стаса воБелград на средба со србскиот претседател Александар Вучиќ?
Како може Македонија да забрани перелет на авионот на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров над македонското небо, кога македонско небо го контролираат грчки авиони?
Само Бугарија граничи со Русија, а тоа зборува дека преку бугарскиот воздушен простор министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров можел директно од Москва да слета во Белград, на средба во Белград, со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Сето ова ми укажува на една работа, дека во Руската Федерација, поточно во кабинетот на рускиот председател Владимир Путин нема добри аналитичари!
За сега нивните анализи пукааат во празно!
Како домашна задача на руските аналитичари, особено во кабинетот на претседалот на Руската Федрација Владимир Путин, би им задал домашна задача, да ја анализираат изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи:
„Под прашање било ставено дури и одржувањето на состанокот на Отворен Балкан во Охрид доколку се случеше посетата на рускиот министер за надворешни работи на Сергеј Лавров на Србија, информира шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Смета дека неодржувањето на посетата на Лавров, го охрабрува, како што рече, одржувањето на состанокот во Охрид.