БРОЈОТ НА ВАШАТА ДУША

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнчки

Овој тест може да ви се стори површен, но кога ќе ги направите пресметките и ќе ги видите одговорите, можеби ќе се убедите дека не е лишен од логика.

За да го направите приложениов тест, неопходно е да ги сумирате сите цифри од својата “лична карта”.

На пример: 1. 09. 1963 = 1+9+1+1+9+6+3=29

Или друг пример: 13. 11. 1972 = 13+11+1+7+2= 43

Обрнете внимание дека денот и месецот се сумираат цели, т.е. не се двојат на две цифри кога се двоцифрени. Од почетокот добивате двоцифрен број, а дури потоа прост. Само ако двоцифрениот број е е поголем од 59, тогаш уште веднаш сумирајте ги двоцифрените броеви на еден. Токму тој број е вашата судбина, влијанието на скриените сили кои доаѓаат однадвор или тоа што ќе ви го донесе иднината. Погледнете во која група од двоцифрени броеви припаѓате. Тоа го покажува нивото на развој на вашата душа.

Ако сте добиле едноцифрен број кој не е посочен овде (тоа се некои датуми по 2000 година), нивото на развој на таа душа се определува според астролошки пат.

ОД 10 ДО 19

Прво ниво

Тоа означува дека вие пред се треба да обрнете внимание на развојот на својата личност, да воспитувате во себеси волја, да го усовршувате своето тело и дух. Ве очекуваат земни дела, високите енергии не се за вас.

ОД 20 ДО 29

Второ ниво

Човекот кој се наоѓа на ова ниво треба да ја одработи својата земна карма, потпирајќи се при тоа на своето потекло, на искуството на своите претци. Треба да ја развивате својата интуиција, да се научите да ја управувате сопствената потсвест.

ОД 30 ДО 39

Трето ниво

Тоа е нивото на луѓето способни да имаат влијание врз свеста на другите. Ако се наоѓате на трето ниво, знајте дека вашата должност во овој живот е да ги научите другите да ја гледаат филозофијата на животот, да ги научите на основите на битието. Затоа вам ви претстои да научите многу, за да можете подоцна да ги предадете своите знаења на другите.

ОД 40 ДО 49

Четврто ниво

Високо ниво на сознание. Интелектуалец, филозоф, учител. Вие треба да се стремите да ја осознаете вишата смисла на постоење, основите на универзалните принципи. Вашата цел во животот е да се искачите на ново ниво на сознание.

ОД 50 ДО 59

Петто ниво

Човекот од петтото ниво е набљудувач, посредник помеѓу вишиот разум и луѓето. Вие сте носител на важна информација. Вашата цел е самоусовршување и соединување со Едното. Но тоа не значи дека луѓето кои се на ова ниво секогаш се светли и чисти личности. Многу често тие се галеничиња на судбината кои ги добиваат сите благодети полесно од останатите. Често може да се забележи како овие луѓе запираат да се грижат за својот развој, да ја воспитуваат својата душа и паѓаат ниско. Започнуваат да живеат само како потрошувачи. Се разбира, во идниот живот ги очекува отплатување на долговите и паѓање на пониско ниво. Ова ниво ги задолжува да водат таков начин на живот кој би ја збогатил нивната душа и им го облагородил родот.

Што означуваат конкретните бројки (на пример ако сте добиле 29 или во вториот пример – 43) во животот на определен човек, може да се види и толкувањето подолу.

              Останува само уште да се каже дека секои 29 години во едниот случај или секои 43 – во вториот случај, во судбината на тој човек се случуваат важни настани.

10 – Среќен број. Знак на чест и увереност во себеси. Тоа е развој и полет. Многу добра отскочна штица.

11 – Сложен број. Предупредува на скриена опасност, искушенија и предавства. Таков човек може да се занимава со окултни науки, но многу претпазливо.

12 – Симбол на страдање и тревога. Човекот од овој број може да стане жртва на интриги. Тој не треба да влегува во разни борби, да членува во секакви организации кои се борат против што и да е, оти ќе биде нивна жртва.

13 – Симбол за промена во плановите, местото на живеење, предупредува за опасност. Древните мистици кажувале дека тој кој го разбира бројот 13, добива сила и власт. Знак за сериозни промени во животот, како позитивни, така и негативни.

14 – Го предупредува човекот за опасност од природни катастрофи: ветар, вода, оган и воздух. Заедно со тоа има предиспозиции за добри зделки, бизнис, но со определен ризик. Ако ви се падне овој број треба да бидете многу внимателни во соодветните периоди.

15 – Луѓето со овој број имаат огромен темперамент и личен магнетизам кои го користат за постигнување на своите цели. Овој број ја помага класичната уметност и музиката. Најавува среќа, но понекогаш ги тера луѓето да прибегнуваат кон магии за свои лични цели.

16 – Наговестител на идни катастрофи или разурнати планови. Овој број предупредува за злата судбина која може да го стигне човекот и за тоа дека решенијата треба да се донесуваат многу внимателно, за да се избегнат фаталните последици.

17 – Високодуховен број. На човекот му носи среќа и промени во животот.

18 – Број на разурнувањето на духовната страна на светот. Тука се среќаваат жестоки луѓе – тоа се семејни тирани, скандалџии, кавгаџии антисоцијални типови. Во некои случаи може да означува и бизнис, но “нечист”. Тој знак е поврзан со измама и предавство. Тој исто така предупредува на опасности од вода, оган и експлозивни материи.

19 – Го симболизира Сонцето. Исклучително поволен број кој носи среќа, успех, уважување и признание.

20 – Има двојно толкување. Од една страна повик за дејствување, реализација на нови планови, но тие планови навистина треба да бидат грандиозни. Од друга страна тоа се пречки по патот на достигнување на целта кои можат да бидат надминати преку развој на духовното начело во човекот.

21 – Ја симболизира Вселената. Тоа е бројката на честа, на животниот растеж и успех. Означува победа по битка. Многу среќен број од гледна точка на идните настани.

22, 58 – Тоа е број на добриот, доверлив човек кој надминал многу грешки. Ги предупредува луѓето за заблудите за тоа тие живеат како заробеници на своите илузии и се разбудуваат само во минутите на опасност. Во однос на иднината, бројката бара претпазливост во с#.

23, 59 – Поседува магично влијание, наговестува успех, помош во работата и кариерата. Во однос на иднината тоа е добар знак, ветува среќа во сите потфати.

24, 33, 42 – Среќен број: успех и поддршка во сите нови дејности, среќа во љубовта. Во однос на иднината е поволен знак.

25, 34 – Способност за постигнување преку сопствен опит. Бројот не би можел да се нарече среќен. Неговиот носител во почетокот на животот поради својот карактер е подложен на сериозни искушенија. По однос на иднината е поволен број, бидејќи како човек раководен од својот животен опит нема да направи една иста грешка двапати.

26, 35, 44, 53 – Предупредува на смртната опасност во иднината. Овој човек има изострено претчуство за катастрофи. Со текот на годините во животот има с# повеќе разочарувања и измами. Треба да биде колку што е можно попретпазлив.

27, 36, 45, 54 – Добар знак. Означува дека човекот е награден благодарение на своето продуктивно мислење, креативен труд и високите интелектуални способности. Во однос на иднината бројот е поволен.

28, 55 – Многу противречен и двоен знак. Човекот со овој број поседува голема способност. Но тоа се луѓе со полувистини во својата свест и во опозиција со законот. Во својот живот се наклонети да врват само по истапкани патишта. Во однос на иднината бројот не е сосем поволен.

29, 38, 47, 56 – Означува несискреност, лага, па дури и предавство од страна на тие што ги опкружуваат. Човекот постојано се судрува со тешки искушенија, измама од страна на пријатели и спротивниот пол. Бројот носи зголемена опасност за иднината.

30, 39, 48, 57 – Знак за умствено, интелектуално првенство над другите. Таквите луѓе не ја сокриваат својата приврзаност кон материјалните блага. Тој знак е неутрален, тој не наговестува ниту среќа, ниту несреќа. Се зависи од желбата на оној кој го поседува тој број.

31, 40, 49 – Наликува на претходниот број, со таа разлика што ова се луѓе преокупирани со себеси, често се осамени дури и кога се во вителот на судбината. Од материјална гледна точка не може да се каже дека имаат среќа.

32, 41, 50 – Овој знак поседува иста магиска сила како и 23. Човекот се наоѓа во хармонични односи со голем број луѓе, но треба да ги крие своите планови од другите, инаку нема да се остварат. Знакот е поволен за иднината.

37, 46 – Знак за добрина, среќна љубов и дружба. Хармонија со спротивниот пол и среќа во заеднички проекти. Погоден број за иднината.

43, 52 – Доволно несреќен знак. Симболизира револуција, преврат, искушенија и удари на судбината. Иднината е неповолна.

51 – Знак за огромни потенцијални можности, природа на воин. Претпоставува неочекувана кариера Поволен е за воени лица, морнари, а исто така и за сите лидери.

Тоа е само една општа претстава за тоа што е предвидено да ви донесе животот. Но не брзајте со заклучоците. За целосно да е јасна сликата, потребни се многу повеќе персонални пресметки и толкувања.

Подетално каков што ве очекува, каков ви ераспоредот на планетите, можете да се информирате на.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 20200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.200 денари0
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20