КЛУЧ НА ВАШИОТ КАРАКТЕР –

КРВНАТА ГРУПА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Денес ниту една сериозна фирма во Јапонија не ангажира работник без да ја знае неговата крвна група.

Искористете го она знаење што го систематизирале Јапонците и проверете какви личности Ве окружуваат, а какви Ве привлекуват.

Крвна група “0”

Жена

Најсилно ја привлекуваат мажи од крвната група “А”, поради нивната стабилност.

Мажите од групата “Б” не ги сака – поради реализмот кои го очекуваат.

Мажите од групата “АБ” се премногу сложени и спокојни за неа.

Врските со мажи со групата “0” во девет од десет случаи водат кон катастрофа, но десеттата врска може да се покаже многу успешна.

Маж

Најмногу му се допаѓаат жените и девојките од групата „А”. Тој ја сака нивната сила, нивната резервираност и моќта за опстанок.

Жените од групата “Б” го привлекуваат единствено како партнерки за привремена врска и дружење. Го привлекува нивниот страствен карактер.

Брзо се восхитува од интелигентноста и чувството за хумор на жените од групата „АБ”, но и брзо се заситува и се лади.

Ги сака жените од својата крвна група. Но, таквите жени многу често бегаат од него. Така е и подобро!

Крвна група „А”

Жена

Ги претпочита мажите од крвната група „АБ”.

Силно ја привлекуваат мажите од крвната група “Б”, но што и да се случи меѓу нив, не трае долго.

Мажите од крвната група „0” ја привлекуваат со силата и сигурноста. Тие доблести & влеваат доверба. Тие се создадени еден за друг.

Кон мажите од сопствената крвна група најчесто останува незаинтересирана. Ликот “на спокојниот татко” ги тера да ги избегнуваат, освен ако не се многу млади.

Маж

Мажот од оваа крвна група најмногу го привлекуваат жените од крвната група „0”. Најчесто се постари од него. Тој ја сака нивната смеса од женственост и романтизам.

Кога ќе посака жена на негова возраст, тоа најчесто се жени од крвната група „Б”. Кај нив го привлекува нивната пробојност, но и чесност, како и нивната апсолутна привлечност.

Овој маж, во основа, смета дека сите жени го разбираат.

Отстрана гледа кон жените од крвната група „АБ”. Тие го привлекуваат силно, но ги смета за недостапни. Ретко се осмелува да им се доближи и да ги сака.

Не ги сака жените од својата крвна група. За нив мисли дека премногу бараат, дека се сериозни и бесчувствителни.

Крвна група „Б”

Жена

Не може да се каже дека жената од крвната група “Б” ја привлекува само еден тип маж, а другите & се помалку интересни.

Ако сретне маж од крвната група „А” со исклучителна индивидуалност, реагира на неговиот нескротлив дух и го претпочита пред останатите.

Жената од крвната група „Б” РХ+ силно ја привлекуваат мажите со искуство. Најдобро е ако се од крвната група „Б” без разлика на РХ факторот, или ако се од крвната група „АБ”

Во принцип и се допаѓаат мажите од крвната група „Б”, но треба да има поголема разлика во години. Жените од крвната група „Б” се склони да влегуваат во врски со помлади мажи.

Жената од крвната група „Б” просто не ги поднесува мажите од крвната група „0”. Ја нервира нивната желба за брзо легнување и брз секс. Но, ако и таа има такви желби, тогаш добро и брзо се разбира со нив.

Маж

Како и жената со оваа крвна група, и тој е универзален „донатор” во љубовта.

Најмногу го привлекуваат жените со „0” крвна група, но врските им траат кратко.

Склон е кон вљубување во жени со крвните групи „Б” и „АБ”.

Крвна група „АБ”

Жена

Се вљубува на прв поглед во мажите со крвна група “0”. Најмногу ја привлекува нивната решителност.

Мажите од крвната група „А” ја привлекуваат поради нивната стабилност. Но жената со оваа крвна група лесно може да се замори поради нивниот „домашарски” карактер.

Не ги прифаќа како “сосема нормални” мажите со крвна група група „Б”.

И се допаѓаат мажите со нејзината крвна група, но не се задржува многу со нив. Мажот и жената со оваа крвна група не се поднесуваат многу меѓусебно. Ако воопшто и се случи врска меѓу нив, во многу случаи завршува лошо.

Маж

Паѓа во екстаза пред жените од крвната група „0”. Го привлекува нивната сила и чувствата. Но, само за кратко -додека трае флуидот.

Претпочита жени од крвната група „Б” поради нивната заљубљива природа.

Жените од групата „А” со нивната спокојност го релаксираат. Мечтае за спокоен и романтичен живот со нив.

Бега од жените од неговата крвна група.

Подетално каков што ве очекува, каков ви ераспоредот на планетите, можете да се информирате на.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 20200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.200 денари0
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20