Корисни сознанија
ТЕЛОТО НЕ УМЕЕ ДА ЛАЖЕ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Читајќи го несвесниот говор на лицето, рацете и нозете, можеме многу да дознаеме за нечии скрени мисли и намери, но и за сопствената психичка состојба и нејзините причини
ЛИЦЕТО:
а) Подготвен за лага: показалецот ја покажува насоката, значи одговор кој нема да биде искрен.
б) Здодевност: Прстите ја затвораат устата – во определени случаи покажуваат концентрација, а во други – здодевност.
в) Те слушам: повлекувањето на ушната школка значи: „Внимателно те слушам”, односно те слушам со интересирање.
д) Дај ми ја раката: Допирањето на косата ја покажува потребата за заштита. Почесто е кај жените.
ѓ) Погали ме: Овој гест значи: „Допри ме”, „Заведи ме” или „Дозволи да те заведам”.
РАЦЕТЕ:
а) Моја идеја: Со овој гест се подвлекува, прифаќа концептот кој се изнесува.
б) Не ти верувам: Скрстени раце покажуваат затворање кон соговорникот и оградување од тоа што тој го кажува.
в) Имај доверба: Гест кој покажува искреност, вели: „Потпри се на мене” и во повеќето случаи е искрен.
г) Внимавај… „Обрни внимание”, но и „Ќе видите како тоа ќе заврши”.
д) Мораш да ми веруваш: дигнатата тупаница дава тежина, ги подвлекува сопствените тврдења.
ДЛАНКИТЕ:
а) Одлично!: ‘Сè е во ред” но и !Тоа е сосем добра идеја”
б) Слушајте: Дланката испружена нанапред, речиси како да моли, ја претставува потребата за согласност.
в) Решителност: Прстите кои се свиткуваат кон дланката искажуваат решителност.
г) Доста: Дланката како да го пресекува воздухот треба да го запре соговорникот.
д) Уверен сум дека сум во право: Дланката подадена кон соговорникот му ги „подава” нашите идеи.
НОЗЕТЕ:
а) Ќе правам што сакаш: Вака прекрстените нозе покажуваат расположеност, тие всушност се отворени.
б) Нервозен сум: Некој вид прегратка (многу честа кај жените) открива напнатост со малку страв.
в) Ти си пријател: Класично движење кое покажува расположеност и пријателство кон соговорникот.
г) Сè е во ред: Опуштеното и испружено тело покажува добра волја и сигурност.
д) Се плашам: Составени колена и глуждови покажуваат страв од отворање кон другите, од изложување на напади.
НАЧИН НА СЕДЕЊЕ:
а) Лажно внимание: изгледа дека многу внимателно го следи тоа што се кажува, но не е уверлив: вкочанетите нозе покажуваат затворање, а раката на устата – оградување.
б) Ме тормозите: Рацете во џебовите оддаваат нервоза, наведнат е како божем ќе стане, сè заедно покажува незаинтересираност и желба да се побегне.
в) Ме нервирате: Во желба да побегне, прави сè за да се воздржи: лицето наводно покажува концентрација, но рацете се стегнати во тупаници, иако на крајот никого нема да удри.
г) Нервоза: Залуден обид да го смени изразот на лицето. Седи на работ на столицата, напнат и нервозно ги движи прстите.
Подетално каков е периодот за вас, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2,000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари