Да ли Србија по „жолтиот“ картон ќе добие црвен картон од Русија (видео)? Стефановиќ: Украинскиот авион кој падна во Грција превезуваше српска муниција!…

ХОРОСКОП КРАЈНЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

На Балкканот, особено во Македонија и Србија се случува „политичка простутуција“. Тема на ова моја анализа ќе биде Србија и нивниот претседател Александар Вучиќ, кој се обидува да седи на две столчиња.

              Првиот „жолт“ картон Србија доби од Русија по продажбата на оружје на Азеберџајн во конфликтот со Ерменија. Да ли сега ќе следува „црвен картон“ кој може да се одрази преку зголемените цени на енергенсите во зимскиот период од руска страна.

Премногу комични се изјавите на министерот за одбрана Србија Стефановиќ дека украинскот авион кој паднал (можеби соборен) во Грција превезувал српска муниција „за Бангладеш“.

Што „трговец“ испадна претседателот на Украина Володимир Зеленски почна да посредува продажба на српска муниција за Бангладеш.

 Како аналитичар не ми е јасно потребата од брза пруга од Апатин или Нови САД (не сум сигурен) до Сегедин во Унгарија. Ова го зборувам од причините што Војводина беше дел од Унгарија, дел од Авструнгарија.

По распадот на Авструнгарија, по првата светска војна Војводина влегува во кралство на СХС. По донесувањето на уставот од 1974 година, од кога  почна распадот на СФРЈ, Србија се распадна, Косово и Војводина добија статус на српски покраини.

Интересно е што уставот во 1974 година Тито не сакал да го потпише. Го  потпишале нашиот Киро Глигоров и Мика Шпиљак.

Втор интересн факт е што до втората светска војна во Војводина живееле многу геррманци,кои се протерани за време и по НОБ. Веројатно многу од нив поседуваат тапии на своите имоти. Не е исклучено нивните наследници наскоро имотите да си ги побарат Србија да им ги врати. Тоа може да им стане и еден од условите на Србија за влез во ЕУ.

Не е случајно што често во Србија, на српските портали и медиуми може да се прочита по Косово на ред е Војводина. На ова проблематика, не исклучено да работи Чанак како претставник на Војводина.

Србија, особено нивниот претсдател Александар Вучиќ треба да знаат дека Виктор Орбан претседателот на Унгарија е главниот играч на Владимир Путин во распад и неслогата во ЕУ. За возврат добива по поволни цени гас и нафта од Русија.

Не би ме изнедило по продажбата на оружје на Азербеџајн и Украина, како и гласањето во ООН со која се осудува Русија за агресија на Украина, Владимир Путин да му ветил на Виктор Орбан Војводина, во најмала рака поделба на Војводина на српски и унгарски делови.

Тоа што Србија не и воведува санкции на Русија причина е Косово, за кое Русија и Кина постојано стават вето за прием на Косово во ООН.

Погледнете го внимателно видеото, многу работи ќе ви бидат појасни..но не и некои ки ги изнесов во мојата анализа:

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20