Зеленски подготвува контраофанзива со украинки (видео)! Путин нека му ја мисли…

ХОРОСКОП КРАЈНЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнчки

Пред еден месец споделив информација во еден од моите текстови дека во недостаток на војници мажи, претседателот на Украина Володимир Зеленски дал директива да почнат да се регрутираат и жените од територијалната одбрана.

              Деновиве протекоа информации, кои треба да се проверат дека до сега над 200 000 украински војници изгинале, а над 300 000, некаде се спомнува бројка и 500 000 се ранети.

              Професионалната војска на Украина почнала да ја заменува резервниот состав, кој неподготвен масовно дезертира. Значи тука не помага и современето оружје кое го добиваат од Западот особено од САД.

              Како што спомнав на почетокот на текстот пред еден месец протекоа информации дека во недостаток на мажи се регрутираат и жени украинки.

              Во видеото што го постирам информацијата се потврдува, донет е и закон до 1-ви октомври треба и жените да се јават во регрутните центри.

              Сега Путин нека му ја мисли. Ќе падне борбената способност на руските војници кога ќе ги видат заводливите укранки.

              Не е исклучено Путин да им ги спротистави русинките кои се дел од воените сили на Русија, во редовниот состав – ќе нема потреба од резервниот, територијалната одбрана…

              Во тако случај, војната во Украина може да ја одлучи само министерката за одбрана Славјанка, ако замине како доброволец да се бори заедно со украинките…

              Тогаш да го видам Путин што ќе прави…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20