МАГИЈАТА НА СКАПОЦЕНИТЕ КАМЕЊА
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува Илија Бошков – Крајнички
При изборот на скапоцени камења важно е да се знае каква улога ќе играат тие: на амајлија (амулет) или на талисман.
Амајлијата го чува својот сопственик од непожелни влијанија или од неговите сопствени постапки коишто можат да му наштетат, му го изострува осетот за надвиснати опасности и го заштитува од заболувања.
Талисман зацврстува и поддржува одредени квалитети на карактерот, потпомага при нивното развивање и создава поволни услови за развиток на тие карактерни особини.
Не чини вкупниот број на скапоцените камења во накитот што се носат истовремено да биде еднаков на 2, 4, 8 или 13. Поволни се комбинациите од 3, 5, 7, 9 камења. Силата на каменот не се состои во неговата големина, туку во неговата чистота. Украдените камења влијаат многу лошо. Купените почнуваат да дејствуваат со полна сила после неколку години. Најдобри се подарените или наследените камења.
Аквамарин – варијанта на берилиум, силикат од берилиум и алуминиум со боја од светлозелена до небесно сина. Директната сончева светлина може да го избледи. Лесно може да се побрка со бледиот сафир. Како талисман ја развива смелоста, осигурува безбедност при морски патешествија, носи единство во бракот. Со своето потемнување аквамаринот го предупредува сопственикот за интригите против него. Како амулет ги изладува споровите и страстите, го подобрува видот при подолготрајно ѕурење и лечи забоболка, болки во црниот дроб и стомакот.
Александрит – варијанта на хризоберилт. Има ретка боја – на дневна светлина е светло-синозелен, речиси прозрачен, а на вештачка светлина добива црвено-виолетова боја. Не чини да се носи само овој камен, бидејќи тоа предизвикува несреќи. Се смета дека го регулира создавањето на крвта, ја пречистува и ги закрепнува крвните садови. За разлика од другите скапоцени камења, мистичното значење на александритот не е поврзано со древните традиции, бидејќи каменот е откриен дури во средината на минатиот век.
Аметист – кварц обоен од примеси на железни оксиди, со виолетова боја со најразлични нијанси. По долготрајно дејство на сончевата светлина аметистот може да избледне. Се смета дека името е добиено од грчкото “аметистос” што значи “ослободен од опијанување”. Уште го нарекуваат и “каменот на Бахус” и “епископски камен” – при назначување во кардиналски чин лицето добивало прстен со аметист. Како талисман придава благоразумност и бодрост, ја зацврстува социјалната положба, донесува слава во уметноста. Како амулет чува од пијанство, наркоманија и сите други пороци. Поставен под перница тој испраќа среќни соништа. Ја чува меморијата, ги прогонува лошите мисли, штити од бубрежни заболувања. Од тој камен бегаат змиите и сите други влечуги. Не е добро да се носи постојано, туку одвреме – навреме.
Ахат – слоевит халкедон, варијанта на кварц, разновиден по бојата на слоевите и образувана слика. Како талисман дава мажественост, спокојство, услови за долговечност, го привлекува успехот, ги намалува болките, ги лекува болестите на стомакот, заштитува од бури и урагани.
Подетално каква ќе ви биде неделата можете да се информирате на контакт тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000денари
КОМПЛЕТНИ-
НАТАЛЕНИ СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30 – ина СТРАНИ – 3.000 денари