Празници и ритуали

Магиски календар

ХОРОСКО)П КРАЈНИЧКИ

Пишува Илија Бошков – Крајнички

Магиjското домаќинство и домашните ритуали се поврзани со годишните времиња – со старите празнувања.

Почетокот на годината започнува со шкотскиот празник на огнот на 21-ви декември

Тоа е стар празник, што се прослaвува во чест на раѓањето на божицата на Сонцето – Митра. На тој ден се пали свет оган, за да му се даде сила и живот на Сонцето, што се раѓа по периодот на зимското намалување на денот. Купете голема, дебела, црвена свеќа. На едната страна нацртајте Сонце и поставете ја свеќата во свеќарник или огно oтпорен држач. Околу свеќата поставете гранчиња од јасен, имел, кедер, рузмарин и други зимзелени растенија. Запалете ја свеќата вечерта спроти празникот. Ако сакате да гори цела ноќ, ставете ја во поголем огноотпорен сад, украсен со зеленило. Јасен, имел и другите растенија во тој ден ја внесуваат силата на природата, ја освежуваат домашната енергија, потсетувајќи не на бесконечниот живот на земјата. На тој начин преку цела година во домот ќе имате во изобилие топлина и светлина. Тој ден не треба да шиете и да плетете. Ако во ноќта на 21-ви декември изедете едно јаболко, преку цела година ќе ве очекува добро здравје, а магиjско капење на тој ден, ќе ве исчисти од грижите и сиромаштија, што ве следеа во изминатите месеци. Соберете борови иглички, дафинов лист и рузмарин, врзете ги во марама и помолете се.

Ноќта спроти Нова година и новогодишните празници е уште една можност да и се предадете на домашната магија, за на домот да му обезбедите семеен мир, спокојна година, изобилие. Подгответе се за многу традиоциoнални ритуали за ноќта спроти Нова година.

Ако запалите седум свеќи таа ноќ, успехот ќе дојде во вашиот дом. Најмалку една минута пред полноќ, отворете ги вратите и прозорците, за да излезе негативната енергија, од минатата година.

Ноќта на Нова година е исто така одлично време да ја зголемите вашата убавина. На полноќ измијте го лицето со изворска вода, запалете свеќи пред огледалото и огледувајте се. Вашиот изглед ќе стане поубав, а вие ќе се разубавите.

На првиот ден од Нова година се прават многу ритуали за успех. Немојте да заборавете тој ден вашите џепови и пa да бидат полни, така преку целата година ќе имате пари. Во домот внесете храна и зеленило, за да ги има доволно преку цела година.

На првиот ден, не порано е дозволено да се закачи новиот календар.

Магиски празник на 2-ри февруари

На тој ден се обележува враќањето на Сонцето по зимата. Во ноќта, што Римјаните и ја посветиле на Венера, во домот се палат сите свеќи, а на улиците се изнесуваат факелите, за да се дочека Сонцето. Тој ритуал може да се направи и денес, кога во сите простории ќе се запалат светилките или свеќите.

Четиринаесетти февруари – денот на Свети Валентин

За да може енергијата на љубовта да влезе во вашиот дом, на тој ден запалете седум розови свеќи, со што домот ќе ви се исполни со љубов. Тоа е најважниот ден за љубовта во годината. Но, исто така и ден за да си ги посеете салатите и гравот во вашата градина.

Март го одбележува пролетното раѓање

Украсете го домот со првите пролетни цветови. Отворете ги прозорците и вратите, за да влезе свеж пролетен воздух. Ако имате градина, започнете да копате и садите. Додека работите замислувајте си, како од семето, што го сеете расне растение високо и здраво. Оградете го својот дел со каменчиња со кои ќе нацртате пентаграм. Во домот направете генерално чистење.

На 21-ви март се одбележува пролетната рамноденица Наполнете голем сад или вазна до половина, со вода и во него ставете цвеќе, свежо набрано. Ставете ја вазната на видно место во домот.

Ако сакате да го подобрите здравјето во текот на годината, испијте чаша студена вода и изедете лист од пелин.

На 21-ви март прегледајте ја целата облека и тргнете ги настрана работите од кои повеќе нема да имате потреба.

Први мај се обележува, како Белтан, празник на магепсници Тој потекнува од римското празнување, посветено на божицата на цвеќето Флора. Тој ден е познат како мајски ден. Мајското цвеќе: иглики, маргаритки, рози, невен и други се внесуваат во домот, за да ја има силата на природата. За да се заштите од интезивните магиски сили, што делуваат преку цела година. Нацртајте крст во аглите на собите со оревова гранка или заобиколете го домот со гранката трипати и тогаш неа закачете ја на влезната врата.

За време на изгревот на Сонцето соберете ја росата од цвеќето, од тревките и дрвјата, измијте си го лицето со неа и ќе ви се зголеми убавината, ќе се разубавите.

На овој ден не се дава сол или оган, за да не си ја дадете и среќа, туку да ви остане вам.

Балтан го обележува почетокот на летото, кога целата природа го достигнува врвот на својата енергија и сила. Ноќта и денот се опасни за сите, кои не се подготвени на преголемите вибрации. Тој ден пожелно е да спиете во својот дом.

Средината на летото – 21-ви јуни – класична ноќ за секаков вид магија, вклучувајќи ги и домашните ритуали

Тоа е уште еден празник на огнот. Ноќта спроти празникот запалете свеќи и одржувајте го горењето до полноќ, за да дојдете до успех и до благослов за домот. Таа ноќ соновите се претскажувачки. Затоа е потребно под перницата да си ставете бел имел и да го запомнете сонот. Тој ќе се оствари.

Тоа е време за собирање билки, што ќе ги користете во магијата, зашто нивната внатрешна енергија е најсилна тој ден.

Вечерта, спроти празникот одрежете јасмин и закачете го во домот, за да се заштити од лоша и негативна енергија.

Ако на место, каде што живеете има скали или големи камења, ставете цвет на секој од нив, со благодарност кон силата на природата.

(Меѓу другото, кога кинете цвеќе за таа цел или за некоја друга, правете го тоа внимателно, бидејќи тие се живи. Разговарајте со цвеќето и со растенијата и оставете нешто од вашата енергија, за тоа што ќе го добиете од нив).

Први август е познат, како празник на жетвата, не само во полето и во градината, туку и во човечкиот живот. Тоа е време, кога „ги жнееме плодовите” од трудот, што го вложивме во изминатата година. Тој ден се прават кукли од пченица и се поставуваат во домот за среќа. На тој празник се приготвуваат слатки со јагоди. Тогаш можете да се напиете и половина чаша вино. Но, во текот на целиот месец не е пожелно да купувате метла, бидејќи ќе ви ја однесе среќата.

Есенската рамнодневница 21-ви септември, се одбележува, како уште еден ден на жетвата Домот можете да го украсите со букети од суви цветови, од разни цвеќиња. Сноп од пченица ќе ви дојде, како многу убав и корисен украс. Влијанието од таквото украсување го одразува нашето размислување за жетвата, за собирањето на плодовите, за сето она, што е поврзано се старите обичаи наменети за жетвта. Така живееме споени со природата и ги почитуваме сопствените обреди.

Триесет и први октомври – симбол на Хелоуин, стар религиозен празник

Тоа е празник на Новата година на старите келти. Таа ноќ границата помеѓу материјалниот и духовниот свет е многу мала. На овој ден во градината се ставаат јаболка, за да се нахранат душите на умрените преку цела година. На зајдисонце застанете пред огледалото и замислете си желба и како сето се остварува. Замислувањето ги зголемува шансите, за таа да се остватри. Преку цела ноќ на прозорецот треба да гори свеќа. На тој ден прозорците и вратите не треба да се оставаат отворени, бидејќи тоа носи несреќа. А сите патувања треба да завршат пред заоаѓањето на Сонцето. Ако надвор останат алишта, пред заоѓањето на Сонцето, во нив ќе се вгнездат негативни сили и енергија, со кои ќе бидете магепсани до крајот на животот.

Таа ноќ е добра за предвидувања, за секакви психолошки и пара психлошки опити. Гледајте си на карти, погледнете си во кристална кугла, фрлете руни, предскажувајте си, какви ќе ви бидат следните дванаесет месеци. Тој ден не печете леб.

Подетално што ве очекува можете да се информирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2,000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20