Предвидувањето се остварува!? Да ли Русија го започна вториот дел од проектот, по рушење на владата на Ципрас, дојде на ред рушење на владата на Зоран Заев…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признам прв пат во мојата новинарска кариера избришав објавен текст. Текстот се работеше за мој коментар на текст од српски портал, кој го пренесов со мој коментар. Не го избришав текстот од страв, бидејќи немам од ништо страв, па и од смртта. Го избришав кога забележав дека се работи за полтичка офанзива, а во политички и патијски пресметки никогаш не сум учествувал.
Првиот дел од моето предвидување, кога го напишав минатата година по средбата на Путин и Трамп владите во Македонија и Грција паѓаат пред време, почна да се остварува. Ципрас во Грција од Мицотакис беше просто прегазен, таков изборен резултат не се случил од 1974 година. Позади победата на Мицотакис стојат Русија и Кина,нивните инвестиции во Грција, на кои Ципрас им застана на пат, како и премиерот Зоран Заев во Македонија.. Како што е познато Ципрас протера руски дипломати и беше пречка за рускиот гасовод и кинеската пруга „патот на свилата“. Русија тргна на многу суфсицитиран начин, да ја руши владата во Македонија, мислам дека на премиерот Зоран Заев мандатот ќе му го скратат. Тоа го прават во ракавици. Во моето гостување на „ТВ Сител“ во 2015 година, кога бев поканет да ги анализирам бомбите, кои ги пушташе премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицајата, јасно кажав „Заев е пуштен низ вода, на крајот бомбите ќе му експлодираат во неговите раце“. Токму тоа се случува во моментот. Русија во ракавици, преку своите пранкери, фрли „нуклеарки“ на македонската политичка сцена. Интересно е тоа го направи по објавувањето на мојот текст http://horoskop-krajnicki.mk/?p=4916 каде јасно кажав : Што се однесува до македонската политичка сцена, нема да ја толкувам, само ќе нагласам каде ќе се наоѓат и кои аспектиќе градат некои планети, особено Меркур. Толкувањето ќе го оставам на партијските и владините астролози и „евидентичари – аналитичари, што би рекол Миленко Неделковски“.
Кога ќе се погледне наталната карта веднаш ќе се забележи дека Република Македонија е родена во знакот на Девица (8 септември 1991 година во 20 часот, кога заврши референдумот). Меркур е вметната планета од шеста куќа, во мундана или политичката астрологија ја прставува владата и народот. Деновиве ќе биде во коњукција ретроградниот Меркур и Марс (воинствена планета, планета која носи насилна смрт). Интерсено што Марс е владетел на првата куќа на Македнија, бидејќи е во подзнак Овен и осмата куќа (блокади, пречки, смрт). Но, што е друго интересно. Ретроградниот теранзитен Меркур и транзитниот Марс во моментот се во силна коеукција на 4 степен од Лав а наталниот Марс е на 4 степен во Терезија во шеста куќа (влада). Значи градат аспект, секстил (агол меѓу планети од 60 сепени. Во исто време транзитнто Сонце е на 15 степен од Рак, додека наталното Сонце (шеста куќа започнува во Лав, што зборува дека Сонцето го преставува премиерот) е на 15-ти степен од Девица, што зборува за поклопување на сектил на транзитното и наталното Сонце. Толкувањто понатаму ќе го оставам на партијските и владините астролози и „аналитичари-евидентичари“.
Токму овие мои анализи и толкувања од неделниот текст за ретроградното движење на Меркур, во два случаја се остварија. Претседателот на Руската Федерација беше дискредитиран и вреѓан, поточно пцуен во емисија во живо на грузијска телевизја. Второто предвидување или анализа се случува со премиерот Зоран Заев. Како што спомнав во текстот ретроградниот Меркур носи скандали, афери, непромислени потези и изјави, бидејќи владе со интелектуалната енергија. Токму тоа масовно се постира на социјалните мрежи, разговорите на руските пранкери со премиерот Зоран Заев, во кој сам се разголува.
Руските нуклеарки Путин м ги прати во дворот, какму како благодарност за воведување на санкции кон Русија и претерување на рускиот дипломат.
Но, прашање е колку опозицијата, поточно ВМРО ДПМНЕ ќе може да ги искористи. За тоа треба медијуми, пари, лидер на кој народот му верува… треба да се поврати довербата прво на македонскиот народ, по учеството на пратениците на ВМРО ДПМНЕ во отварање на уставот за промената на името.
Споделете