НАТО ја потцени Русија, ќе зажали (видео)…. Комична изјава на Бајден: „никогаш нема да го признаае Крим како руска територија“, а Крим беше дел од Русија пред САД да стане држава..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува и видео: Илија Бошков – Крајнички
Светска политичка сцена зоврива. Новиот председател на САД Џозев Бајден почна да дава трагикомични изјави:
Крим никогаш нема да го признаеме како руска територија…
Јас, не му забележувам на новиот председател на САД Џозеф Бајден на ова изјава, во години е, а се гледа и историјата не ја познава.
Крим бил дел од царска Русија, пред да се формираат Соединетите Амирикански Држави.
Во 1955 или 1956 Крим на Украина го подарува Никита Хрушчов (кој е украинец по потекло), како председател на СССР, одзимајќи од Русија, а 2014 година Крим со референдумот се врати во својата матична држава Русија.
Вежбита на НАТО „зимо 2020“ покажа дека за непуна недела Полска би била прегазена од Русија….
Рускиот портал:
https://inforuss.info/v-nato-nedootsenili-rossiyu/
излезе со наслов:
„НАТО ја потцени Русија и може да жали што велат“
Еве дел од текстот на порталот:
Токму овие сигнали од Русија го натераа НАТО да разбере дека ја задеваат мечката за ништо. Ова беше потврдено со најновите вежби „Зима 2020“, кои беа организирани од полскиот воен оддел, САД и други земји од агресивниот сојуз. Целта беше едноставна: да се открие колку долго ќе издржи полската армија со поддршка од НАТО ако треба да се соочи со Русија на бојното поле.
Се покажа дека за само една недела Полска ќе се збогуваше со 80% од армијата.
Па, во 2016 година тие траеја три дена на слични вежби.
Во текстот се нагласува за електронското блокирање на бродот разарач „Доналд Кук“ кој рускиот авион Су – 24 електронски го блокирал и морал да го напушти Црното море.
Слично се случило и со двете француски регати во 2018 години, кои имале намера да ја нападнат Сирија,
Еве го тој дел од текстот на порталот:
Иако, ако НАТО не беше толку самоуверен, тие ќе ги разбереа сите можности на Русија пред неколку години.
На пример, кога разурнувачот од 4-та генерација Доналд Кук влезе во Црното Море со сто ракети на бродот. Тогаш само еден бомбардер Су-24 со комплексот Кибини беше во можност да го заслепи „супермодерниот“ брод и да го остави без никакви средства за заштита.
Слична ситуација се случи во Сирија во 2018 година, кога две француски фрегати со системот за контрола на бојното поле „Егис“ влегоа во Средоземното море за да започнат напад врз силите на Башар ал-Асад.
Но, руските средства за електронска борба „Красуха-4“ исто така не им дозволија да проценат ниту каде се наоѓаат владините трупи.
Што да кажам, тие дури и го исклучија својот Wi-Fi.